Заев: НАТО и ЕУ се завршена работа

Лидерот на СДСМ порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.

НАТО и ЕУ се завршена работа и сега од нас зависат работите. Во периодот што претстои ќе работиме дома. Ќе работиме на економија, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме” во Центар.

Во време на решавање на најсериозните прашања, посочи Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.

– Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.

Центар, нагласи Заев, и денеска кога живее во слобода е најгласен и најголем коректив на власта.

– Слободата живее и денеска, иако во услови на пандемија со маски на лице, јас сум убеден на огромен процент на излезеност на нашите граѓани, затоа што имаме задача да ги воспоставиме повторно функционални нашите институции за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење со огромна поддршка од демократскиот свет -изјави Заев.

Имаме задача на 15 јули да останеме на вистински пат, порача Заев и затоа очекувам трендот на вистинските вредности да продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот