Заев: Народот мора да донесе историска одлука на овие избори – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев: Народот мора да донесе историска одлука на овие избори

На прашањето дали со одење на предвремени избори всушност се обидува да го сврти вниманието од недовршените реформи, Заев вели дека неговата Влада има свои слабости, но сепак спроведува реформи.

Народот мора да ја донесе одлуката дали остануваме на вистинскиот курс, на патот кон нашите интеграции, уште еднаш да потврдиме дека ние сакаме во ЕУ, не заради тоа што треба да бидеме само членка, туку заради европските вредности, изјави премиерот Зоран Заев во интервју на телевизија 24.

Прашан зошто нови избори, Заев рече дека политичкиот момент во нашата држава и урнисаниот дел од сонот за НАТО и ЕУ интеграциите направиле тој да го смени ставот дека треба да се оди на редовни избори и да се даде шанса на предвидливост на стопанството и граѓанството.

– Требаше да испратиме два вида на пораки. Првата е до Европската унија. Следниот пат да знаат дека тоа има директно рефлексии дома. Нашиот народ има право сега да биде исправен и да донесе одлука, јас не се сомневам во таа одлука, но тој треба да ја донесе таа одлука, изјави Заев.

Втората порака, посочи Заев е, тоа што не смееме да дозволиме како држава да предизвикаме други незгодни состојби до мајскиот самит во Загреб.

– Искрено се плашам дека може да се појави вишок национализам и радикализам, кој што би бил провокативен дома меѓуетнички, но би бил провокативен и надвор. Во вакви околности кога горчината и неправдата ја чувствуваат сите може да предизвика реторика дома што би била соодветна провокација во Грција, во Бугарија за на мајскиот самит на потпишани договори да се случи некој проблем, изјави Заев.

На прашањето дали со одење на предвремени избори всушност се обидува да го сврти вниманието од недовршените реформи, Заев вели дека неговата Влада има свои слабости, но сепак спроведува реформи.

– Доказ ни се договорите што ги постигнавме. Имаме газда на ТВ, обвинител во затвор, само така може да ни напредува земјата, нагласи тој.

Истакна дека се донесени законите за реформи на правосудниот системи и како што вели сега се постапува поинаку од пред три години.

– Имаме одлука на Судски совет за претседател на Врховен суд, тоа се сериозни промени во општеството, денеска се разгледуваат случаи на судии, немало претходно ситуација премиерот да пријави случај на транспарентен начин, сите знаеме што се случуваше пред две три години што се случува сега. Треба да го смениме менталниот склоп без разлика дали сме судии, политичари, бизнисмени, здравствени работници, наставници, ако сакаме да не биде мора да покажеме дека не бива, мора да сработиме сите повеќе, рече Заев.

Вели не го копира Никола Груевски, кој по неуспехот на самитот во Букурешт во 2008 замина на предвремени, тој е во четвртата година на мандатот, Груевски тоа го сторил во втората година и како што рече го сторил по неуспех.

– Ние тоа го правиме по успеси, признати од целиот свет. Сите едногласно со консензус признаа дека заради нивните внатрешни нерешени прашања не го добивме очекуваниот датум, но светот ни призна, ние сме НАТО членка за неколку месеци, зборуваме за перформанси во економијата во време кога се решени билатералните прашања, додава тој.

Како историска ја означи одлуката на овие избори и повтори дека според анкетите на СДСМ, партијата и нејзините коалициски партнери водат со три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close