Заев: Народите од Европа мора да бидат здружени во справувањето со заканата на коронавирусот

Премиерот Зоран Заев, кој од вчера престојува во работна посета на Атина, на својот профил на Фејсбук објави дека синоќа имал вечера со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и екс-претседателот на Франција, Франсоа Оланд, со кои се согласиле дека „ова е време кога заедно со националните интереси на секоја земја, ги споделуваме и солидарноста и кохезијата за да направиме уште еден чекор напред кон подобра заедничка иднина”.

– Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист” во Атина го завршуваме со заедничка констатација дека во критични времиња, предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, народите од Европа мора да бидат здружени во справувањето со заканата по здравјето на граѓаните, на јавното здравје, на економијата и на општественото живеење, наведе Заев во објавата.

Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист“ во Атина го завршуваме со заедничка констатација дека во…

Publiée par Zoran Zaev sur Mardi 15 septembre 2020

Тој потенцира дека пандемијата со КОВИД-19 значително го промени нашето секојдневие, но заедно сме тука за да станеме посилни, за да ја совладаме и победиме заканата која предизвика здравствена, економска и социјална криза.

– Заеднички ја исцртуваме стратегијата за да излеземе од кризата посилни и со продлабочено пријателство од справувањето со кризата, додава премиерот Заев на својот Фејсбук профил. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот