Заев најавува дебати за декриминализација на марихуаната

Премиерот Зоран Заев најавува дека во следниот период ќе се отворат дебати во јавноста со цел подобрување на економијата, но и решавање на дел од постоечките проблеми.

Тој во вчерашното гостување на Алсат рече дека дел од темите ќе бидат и декриминализација на марихуаната, решавањето на возилата со странски регистерски таблички кои одбегнуваат регистрација во земјава, но и да се види зошто угостителскиот бизни многу малку учествува во бруто-домашниот производ.

-Да отвориме дебати, да го слушнеме општеството. Да видиме зошто угостителството толку малку учествува во БДП, а во европските земји тоа е многу повеќе. Да разговараме како тоа да го подобриме. Ќе ја отвориме и темата за приватизација на државно земјиште- додаде Заев.

Тој смета дека во погон треба да се пуштат сите домашни ресурси, бидејќи сега земјата е во позиција која мора да ја искористи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот