Заев најави ново покачување на минималната плата

Фото: МИА

Премиерот Заев во попладневниот дел од собраниската дебата најави дека ќе има ново покачување на мининалната плата.

– Ќе има ново покачување на минималната плата и со тоа на сите плати, обезбедуваме земјоделски пласмани, успесите на Владата се видливи, влегуваме во поголеми резултати – изјави Заев.

Заев информираше и за активности на Владата во обезбедувањето пласмани на земјоделските производи и порача дека реконструкцијата на Владата се прави за видливите владини резултати, на половина од мандатот, да бидат уште поголеми, и во интерес на сите граѓани.

– Просечните плати во нашата земја, на ниво на приватен сектор растат и продолжуваат да растат. 6.6 проценти се зголемени и ќе бидат дополнително зголемени заради тоа што работиме како Влада, со комплетен фокус за пораст на платите. Ќе се покачи уште еднаш минималната плата, којашто секако ја отвора спиралата на покачување на платите и тие ќе растат –  рече премиерот Заев.

Тој соопшти и за мерките што се преземаат за земјоделството да има развојна компонента, преку покаченото и навремено субвенционирање на земјоделците и обезбедувањето пласман од страна на Владата, како сегашниот случај со праската во Росоман.

– Пласманот на земјоделските производи за овие две години е неколку ратно подобрен во  споредба со минатото.  Тоа предизвика 13.4 проценти раст на севкупното земјоделско производство во државата, во споредба со лани. А лани беше за 8 проценти поголем растот во споредба со 2017 година. Расте земјоделското производство – изјави Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот