Заев: „Помош ќе има за сите“!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тој изрази уверување дека другата недела ќе излезат со пакет и ќе ги знаат и правните последици, каде треба со закон да се интервенира, а каде со одлука на Влада.

Помош ќе има за сите, државата е подготвена да направи се што е рамки на нејзините финансиски капацитети да им помогне на работниците, на невработените, на сиромашните, на македонската економија и на стопанство, најави денеска премиерот Зоран Заев и информира дека одлуките ќе бидат дооформени до крајот на другата недела. Тој изрази уверување дека другата недела ќе излезат со пакет и ќе ги знаат и правните последици, каде треба со закон да се интервенира, а каде со одлука на Влада.

Посочувајќи дека Економскиот совет синоќа работел три часа и се разгледувале сите иницијативи, биле направени пресметки, најави дека помопшта ќе се движи во два правци.

– Поддршка на приватната потрошувачка, со нови картички и ваучери што ќе бидат поконкретизирани за да можат да бидат истрошени во дејностите кои се најпогодени. Тука, спаѓаат сите социјално погодени граѓани во кои покрај пасивните баратели на работа, спаѓаат и пензионерите со пензии под 15.000 денари, самохраните родители, стечајните работници кои земаат надоместок, како и ранливите категории на сиромашни граѓани кои се во центрите за социјални работи, појасни Заев.

Вториот начин, додаде, е поддршка на стопанството и на работниците, затоа што, како што рече, борбата е за секое работно место.

– Ги разгледуваме сите можни аспекти за натамошно помагање преку мерки што дадоа резултати. Да се помогне на сличен начин. Но, се размислува ова да биде уште потаргетирано. Ако аплицираат компании што се погодени над 30 отсто, би требало да имаме капацитетност да одиме со дополнителен развој на мерките, пропорционално да ги поттикнеме и помогнеме оние што се погодени 30, 50, 80 или 100 отсто. Најверојатно ќе тргнеме со некоја помош од 14.500 денари, каде дополнително ќе важи за тие што се погодени до 30 отсто, а би требало да биде поголема за тие што се погодени и повеќе за да имаме правичност во целата реализација на сите овие мерки. Дефинитивно ги помагаме компаниите со 20. милиони евра, што во моментот ги развивме како процедури. Одиме директно на целата подготвеност што можеме да направиме со парафискалните давачки, одложувањето на одредени даноци, како даночната аконтација на данокот на добивка и одредени други важни даноци, рече премиерот Заев.

Специјална и нова мерка, истакна, е за враќање на отпуштените работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот