Заев: Наградата е значајна затоа што ги потврдува прогресивните и европски политики кои градат траен мир

Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев на Фејсбук изрази благодарност за доделувањето на мировната награда на Вестфалија.

„Ми претставува особена чест и изразувам голема благодарност до Економската заедница на Вестфлија и Липе за доделувањето на престижната меѓународна мировна награда на Вестфалија. Наградата не е значајна само за мене како поранешен премиер на Република Северна Македонија.

Таа е значајна затоа што ги потврдува заложбите на прогресивните и европски политики кои градат траен мир. Значајна е за сите луѓе во Северна Македонија и во Грција кои градат пријателски и добрососедски односи базирани на меѓусебна почит и разбирање.

Нека оваа награда биде стимул за сите оние кои носат сериозни одлуки и за идните генерации дека не постои конфликт кој не може да се реши низ дијалог и пријателство“, напиша Заев.

Ми претставува особена чест и изразувам голема благодарност до Економската заедница на Вестфлија и Липе за доделувањето…

Publiée par Zoran Zaev sur Jeudi 20 février 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот