7 C
Скопје

Заев: Нацрт извештајот на УНЕСКО е најсилен аларм за состојбата во Охридскиот регион

Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион, потребно е највисоко ниво на ангажираност за отстранување на сите ризици што го загрозуваат Охридското Езеро. Ова е посочено на координативниот состанок на премиерот Зоран Заев со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за култура, за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, Ирена Стефоска, Насер Нуредини и Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец, на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

На почетокот на работниот состанок, информираат од владината прес-служба, премиерот Заев уште еднаш ја реафирмира определбата на Владата да се зачува статусот на Светско наследство на Охридскиот регион со цел заштита на регионот, владеење на правото и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, имајќи ги предвид реалните ризиците и можноста Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје.

Прочитајте и...  Земјотрес ја погоди Албанија, почуствуван и во југозападна Македонија

Во таа насока, премиерот Заев на средбата истакна дека нацрт извештајот на УНЕСКО треба да се прифати како уште еден, до сега најсилен аларм за состојбата со Охридскиот регион и дека се налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро.

Беше потенцирано дека Владата ќе инсистира на завршување на процесот на отстранување на сите бесправно изградени објекти кои се опасност за Охридскиот регион и за таа цел ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, на Струга и на Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од штетните проекти што се наследство од минатото како што се, на пример, проектите на Субрата Рој и Владата до 2016 година, Љубаништа 1 и 2.

Прочитајте и...  Собранието ќе расправа за избор на Насер Зибери за народен правобранител

На состанокот беше нагласено дека Владата ќе преземе сѐ што е во нејзина надлежност, меѓу што и активности за координација со Владата на Албанија за прашања од заеднички интерес за заштита на Охридското Езеро и крајбрежниот појас.

Дополнително, на средбата беше договорено Владата да преземе итни чекори за стручно-кадровско екипирање во најрелевантните институции како што се Завод и Музеј Охрид, Управата за заштита на културното наследство, Управата за заштита на животната средина и другите институции во сферата на заштита на животната средина, а истото се очекува да го направат и општините во своите надлежности.

На состанокот е договорено да продолжи координацијата меѓу надлежните институции со забрзано темпо и до УНЕСКО да биде доставен соодветен одговор по однос на алармантниот драфт извештај, а штом се заврши темелната анализа сите наоди ќе бидат презентирани пред јавноста од страна на Премиерот и сите останати релевантни носители на јавни функции.

Прочитајте и...  „Доминион" бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат

Поврзани вести

Со одлука на Путин: Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина „Спутник V“

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Гувернерот на англиската Банка: Криптовалутите веројатно нема да потраат

Слободен печат

Поранешниот претседател на САД може да здивне: Врховниот суд отфрли две тужби против Трамп

Слободен печат

Остави Коментар