Заев на „Твитер”: Пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзна

Пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзна. Остана да сведочи дека 20 секунди беа доволни да запре животот на градот. Кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата. Скопје се сеќава!, напиша премиерот Зоран Заев на „Твитер” по повод 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Во земјотресот во 1963 година животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Во неговата обнова се вклучија голем број држави поради што Скопје уште е познат и како „Град на солидарноста”.

Скопје секоја година го одбележува овој ден со низа манифестации. Денеска, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел,  а традиционалната крводарителска акција ќе се спроведе од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз”.

Во Градскиот парк, кај Школка, вечер во 19:30 часот, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар” ќе почне концертот со кој Град Скопје оваа година ќе го одбележи 26-ти јули. Потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и Влатко Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот