Заев на средби со европратениците Ќучук и Чолош: Безрезервна поддршка за отворање на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, одржа одделни средби и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Република Северна Македонија, како и со претседавачот на парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe), Дачијан Чолош.

Како што соопшти владината прес-служба, на двете средби во Мисијата на Северна Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски.

– Соговорниците оценија дека пристапниот процес треба да биде фокусиран на европското законодавство АКИ (acqui) и беше заклучено дека сите други прашања, кои немаат поврзаност со европското АКИ треба да се адресираат билатерално, се наведува во соопштението.

На одделните средби со европратениците, на кои беше придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на нашата Постојана мисија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска, премиерот Заев се заблагодари на Чолош и Ќучук на досегашната принципиелна поддршка од парламентарната група на „Обнова на Европа”, (Renew Europe) во Европскиот парламент, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи континуирано и понатаму, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот