Заев на средба со францускиот премиер ќе бара поддршка за датум за преговори

Во Познан Полска каде ке се одржи конференцијата ЕУ –Западен Балкан кон крајот на неделава, премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со францускиот премиер Едуард Филип, дознава Канал 5.

Состанокот на кој главен фокус е отворање на пристапните преговори со ЕУ, е на барање на францускиот премиер.

Како што објави Канал 5 на средбата Заев ќе се обид да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.

Во меѓувреме се огласи францускиот претседател, Емануел Макрон. На крајот на денешниот Самит на ЕУ тој изјави дека е категорично против ново проширување сѐ додека не се реформира ЕУ од внатре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот