Заев на средба со Џанг Ѕуо: Реализираме проекти кои носат економски бенефити

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Џанг Ѕуо, новоименуваниот амбасадор на Кина во Македонија, кому му ја честиташе функцијата посакувајќи му успешна дипломатска мисија и изразувајќи надеж за продолжување на динамиката и нагорниот тренд во развојот на севкупните пријателски односи меѓу двете земји.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, изразил убедување дека развојот на трговските и економските односи ќе продолжи на високо ниво, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1″.

На средбата било изразено задоволство од реализацијата на досегашните проекти во областа на патната инфраструктура и беше констатирано дека постои голем потенцијал за проширување на проектната соработка и во други области како земјoделството, енергетиката, образованието, туризмот и културата.

Посебно било поздравено тоа што Скопје е седиште на Координативниот центар за културна соработка на „Процесот 17+1″, отворен во март минатата година и беше изразено заедничко задоволство што Северна Македонија ќе биде домаќин на Културниот форум за земјите од „Процесот 17+1″ во периодот од 19-ти до 21 ноември 2019 година.

Амбасадорот Џанг Ѕуо на премиерот Заев му ги пренесол поздравите од кинескиот премиер Ли Кечијанг, изразувајќи поддршка кон политиките кои ги води Владата во однос на одржување пријателски односи со соседите, преземените реформски процеси и остварување на стратешките цели на државата.

На средбата било нагласено дека ќе продолжи соработката за реализирање на започнатите проекти и двете страни ќе се заложат за проширување на сферите за соработка со цел зголемување на компаниите кои ќе инвестираат во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот