Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: До крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата

Зоран Заев Дејвид Гир
Зоран Заев и Дејвид Гир / Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев, на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во државава, што се одржа вчера во Владата, изрази очекување до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

– Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија, истакна Заев на состанокот.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, беа разменети мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија, со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.

Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, кои беа предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, разговараше за постоечкиот континуитет што оваа Влада го одржува во делот на реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација.

Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план, стои во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот