Заев на Самит со европските шефови во Дубровник

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација учествува на 8. Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина од Процесот 16+1, кој денеска и утре се одржува во Дубровник.

Заев ќе има обраќање на пленарната сесија на која ќе се обратат премиерите на сите земји учеснички на самитот.

Според агендата, премиерот Заев и владината делегација во која се вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за култура, Асаф Адеми, ќе има билатерална средба со премиерот на Кина, Ли Кечијанг и кинеска владина делегација.

Во Дубровник, претставници на владите на Република Северна Македонија и на НР Кина ќе потпишат Акциски план за соработка во земјоделството.

На маргините на Самитот на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од Процесот 16+1 се предвидени и повеќе билатерални средби.

Премиерот Заев ќе се сретне со премиерот на Чешка, Андреј Бабеш, а ќе има и заедничка средба со премиерите на Грција и на Хрватска, Алексис Ципрас и Андреј Пленковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот