Заев на конференција на СДММ: Младите можат, заедно остваривме важни успеси

Лидерот на СДСМ денеска се обрати до младите социјалдемократи кои ја одржа 23. Конференција, дигитално, почитувајќи ги целосно протоколите за заштита од коронавирусот..
„Лично за мене, СДММ е симбол за другарство, заедништво, решителност и истрајност. СДММ е симбол и на енергичност, мотивираност и борбеност. Пример за вистинските социјалдемократски вредности, важни за младите, но важни и за нашата држава. Во изминатиот период откако ги предводиме Владата и институциите, но и претходно кога се боревме против режим, кога ја носевме слободата, токму СДММ одигра важна улога и даде силен придонес. СДММ беше дел од промените, демократизацијата, но и дел од процесот на создавање и реализација на квалитетни младински политики, рече Заев.
Toj нагласи дека токму тоа е патот по кој нашата Младина треба да продолжи.
– Продолжете да верувате и да се борите за подобра иднина, за вас, за вашите врсници, за нашата татковина. Ние, повозрасните, како и досега ќе ве поддржуваме, ќе ве слушаме. Заедно ќе носиме нови промени, ќе носиме успеси на кои сите граѓани на нашата земја ќе бидат горди. Заедно со вас остваривме важни успеси и дома и надвор, заедно со вас ќе се избориме со сите предизвици, мотивирајќи се од вашата храброст и енергија. Заедно со вас ќе продолжиме да работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите. Има многу партиски подмладоци, но само една е Младина.
Вие сте нашата гордост и ве охрабрувам, продолжете по вистинскиот пат, уште повеќе и уште посилно. Затоа што младите можат, им порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на младите социјалдемократи кои денеска за нов лидер едногласно го избраа Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.

Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот