Заев на 8 октомври на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот премиер Зоран Заев на 8 октомври ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што соопшти прес-службата на НАТО, Заев ќе биде придружуван од министерката за одбрана, Радмила Шекериснка и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, а по разговорите е предвидена и заедничка прес-конференција.

Република Северна Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на Северноатлантската алијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот