Заев: На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина (ВИДЕО)

На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина, напиша попладнево на „Фејсбук” лидерот на СДСМ Зоран Заев на последниот ден од изборната кампања.

– Во следниот мандат обезбедуваме нови 2 милијарди евра за изградба на патишта, кои се за нови 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 950 км локални патишта и реконструкција на над 1.500 км постоечки патни правци. Инвестираме и во нови 500 км водовод и канализации во вредност од 100 милиони евра. Домаќински ја планираме заедничката иднина, наведува Заев во статусот објавен на неговиот Фејсбук профил.

На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина

На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина. Во следниот мандат обезбедуваме нови 2 милијарди евра за изградба на патишта, кои се за нови 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 950 км локални патишта и реконструкција на над 1.500 км постоечки патни правци. Инвестираме и во нови 500 км водовод и канализации во вредност од 100 милиони евра. Домаќински ја планираме заедничката иднина. #Можеме ?️??

Publiée par Zoran Zaev sur Samedi 11 juillet 2020

Лидерот на СДСМ во друга објава вели дека влеговме во НАТО и дека можеме и во ЕУ.

– До 2024 отвораме 80% од поглавјата за влез. Во наредните 4 години обезбедуваме 2,5 милијарди евра фондови, за европски стандард за македонските граѓани. На 15 јули ти одлучуваш дали ќе продолжиме гордо чекориме по европскиот пат. Излези и гласај, напиша Заев.

Влеговме во НАТО, #можеме и во ЕУ

Влеговме во НАТО, #можеме и во ЕУ. До 2024 отвораме 80% од поглавјата за влез. Во наредните 4 години обезбедуваме 2,5 милијарди евра фондови, за европски стандард за македонските граѓани.На 15 јули ти одлучуваш дали ќе продолжиме гордо чекориме по европскиот пат. Излези и гласај! ????

Publiée par Zoran Zaev sur Samedi 11 juillet 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот