Заев му подари три знамиња на Мицкоски, од нашата држава, ЕУ и НАТО

Најавувајќи дека оваа дебата е последно телевизиско соочување со Христијан Мицкоски, Зоран Заев, изјавувајќи дека го почитува како шеф на опозицијата и како човек, му подари знамиња на НАТО, ЕУ и знаме од нашата држава, како и програмата на СДСМ со негов потпис.

За македонското знаме, Заев гледајќи го во очи му кажа ова е подарок за повеќе да си ја сакате својата држава.

-Би сакал да остане запаметено. Успеавме да станеме членка на НАТО. И еве едно знаме на Европската унија, која е наша заедничка цел, на целиот народ. Имаме преговарачка рамка, ќе ја донесеме Европската унија, а ние ќе станеме нејзина полноправна членка- рече Заев, кој стана и во раце му ги предаде подароците на Мицкоски.

Мицкоски го прифати подарокот, изјавувајќи дека има поставено знамиња во партијата, но овие ќе ги поставел во својот кабинет на факултетот каде што предава, велејќи дека програма на ВМРО-ДПМНЕ веќе му ја подарил неговиот сопартиец Тимчо Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот