Заев му одговори на Ахмети: Ако ДУИ има ваков услов, нема да биде дел од идната Влада

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години, пишува Заев на Фејсбук.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот Фејсбук профил одговори на изјалвата на лидерот на ДУИ, Алии Ахмети, за тоа дека е време Албанец да биде нов премиер на државата.

„Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник.

Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат.

Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.

Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, напиша Заев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот