Заев: Можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото, Гоце Делчев не може да не двои

 Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на Македонија и Бугарија, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат.

Ова го истакнува премиерот Зоран Заев во интервју за Локално, кој вели дека односите со Бугарија ги темелиме на Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји кој е добра појдовна точка за затворање на сите отворени прашања.

-Убеден сум дека постои добра шанса, секое отворено прашање, па и во однос на Гоце Делчев да најдеме решиме на начин на кој и двете страни ќе бидат задоволни. Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на двете држави, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат, вели премиерот во интервјуто

Прочитајте и...  Филипче: За продолжениот викенд без групирање, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време

Додава дека во негова чест и во чест на неговите големи идеи и дела, сигурен сум дека и македонскиот и бугарскиот народ, и двете држави ќе го следиме патот кој води напред, а кој веќе ни е јасно исцртан и со Договорот и низ евроатлантските процеси.

За превирањата во ВМРО-ДПМНЕ е неговата наводна улога, премиерот посочи дека ниту тој, ниту СДСМ немаат намера на каков било начин да се мешаат во внатрешните работи на опозциската партија.

За предлогот јавниот обвинител да го предлага опозицијата наведува дека македонските обвинители нема да бидат бирани ниту по теркот на Мицкоски, ниту по теркот на Заев, туку по теркот на професионалните стандарди и потребата од воведување владеење на право и правна држава.

Правда мора да има и таа може да биде обезбедена само од професионални институции, ослободени од било какво политичко влијание.  Избор на обвинител преку политички договор се покажа како погрешен во минатото. Второ, имаме професионални јавни обвинители на кои треба да им се даде шанса. Трето за таков избор преку политички договор потребни се измени на Уставот. Нешто што сега не треба да се отвора како прашање, особено затоа што имаме многу поважни теми како што е борбата против коронавирусот, економијата и процесот на преговори со ЕУ кој ни претстои, вели Заев.

Прочитајте и...  Евростат: Некои земји на пописот не собираат податоци за етничка и верска припадност и јазик

Истакнува дека прочистување на судството, ред, правда и дисциплина на сите нивоа се високо на агендата на Владата што ја предводи. -Точно е, додава, постојат механизми со сегашните законски решенија, преку кои може да се изврши прочистување на судството и зајакнување на неговата ефикасност.

За отворени листи и една изборна единица, наведува дека дебата во јавноста е отворена и оти ставот на СДСМ и неговиот личен став е дека локалните избори се добра можност за воведување отворени листи за членовите на Советите, процес кој треба да се заокружи со отворени листи и на следните парламентарни избори.

.Во однос на зголемениот број случаи на полициска бруталност на која сме сведоци деновиве, но и на напади врз полицајци, лидерот на СДСМ изјави дека какво било насилство е за секоја осуда и за тоа институциите веднаш реагираат.

Прочитајте и...  Заев и Мишел очекуваат одржување на прва меѓувладина конференција до крајот на годината

– Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, посочува тој.

За тоа како ја гледа земјава по завршувањето на мандатот во 2024 година, истакна дека целта во овој мандат е да „донесеме целосна трансформација и европеизација на С. Македонија”, период во кој ќе гледа како државата позитивно се менува, како институциите стануваат поефикасни, како економијата напредува, а европските стандарди стануваат наши, домашни стандарди.

Поврзани вести

Полска го забрани абортусот, ќе биде дозволен само во овие случаи

Баба од Мадрид на 99 години ја победи короната, им се врати на омилените серии и игри на таблетот

Слободен печат

Мицкоски: Законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните, туку за надлежностите и процедурите

Слободен печат

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Слободен печат

Попоски позитивен на ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: На згради во француските градови се прожектираа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Слободен печат

Остави Коментар