Заев-Могерини: Очекуваме почеток на преговорите со ЕУ како резултат на заедничкиот успех (ВИДЕО)

Веднаш по пристигнувањето во Њујорк, по повод учеството на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, ја приреди Високата претставничка за надворешна работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија Федерика Могерини, во мисијата на Европската Унија во ОН.

Претседателот на Владата на Северна Македонија на вечерата истакна дека само неколку недели остануваат до октомврискиот самит на Европскиот Совет, кога за Северна Македонија се очекува позитивна одлука за започнување на преговори со ЕУ.

Во разговорот за време на вечерата, премиерот Заев истакна дека ова е клучен период за нашата земја и дека сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Северна Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ.

https://youtu.be/xlDOUEBv2II

По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање.

Стартот на преговорите ќе биде успех и на Северна Македонија и на ЕУ, како резултат на заедничките остварувања за време на предпристапниот процес, нагласи премиерот на вечерата што за шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, ја приреди Високата претставничка за надворешна работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија Федерика Могерини, во мисијата на Европската Унија во ОН.

Учеството на владината делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН, официјално започнува денеска со учеството во работата на самитите посветени на климатските промени и на универзална здравствена заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот