Заев: Многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават

Сите ние, а особено, ние мажите, имаме општествена одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук” по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените.

Во фејсбук статусот, Заев апелира до жртвите на семејно насилство да не молчат и случајот да го пријават во надлежните институции.

– Една од моите лични заложби е мирното решавање на сите конфликти низ разговор, низ дијалог, на достоинствен начин и со почит кон другите во политиката и во мојот приватен живот. Во период кога поради кризата со пандемијата од КОВИД-19 сите повеќе седиме дома, регистрирано е зголемување на насилството врз жените. Затоа, многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават: www.mtsp.gov.mk/prijavi-semejno-nasilstvo.nspx , пишува Заев.

Потсетува дека политичките на Владата се насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство, а потврда за тоа се отворените шелтери за згрижување, ратификацијата на Истанбулската конвенција и најновиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот