Заев: Милошоски, нанесувате штета врз угледот на чесни луѓе

Правната држава е императив на оваа Влада, заедно донесовме многу нови закони, на што сум благодарен на опозицијата, убеден сум дека ако сите си ја вршиме работата ќе имаме земја вредна за внимание, а младите нема да ја напуштаат државата. Тоа е наша обврска пред нашите деца, му реплицираше премиерот Заев на пратеникот Милошоски, од говорницата во македонскиот парламент.

– Пред една година рековте пред Дескоска има право да иницира, да предложи точка пред Судскиот совет, дека некои судови злоупотребувале судски одлуки, факт е дека министерката не предложила таква точка на Републичкиот Судски совет. Дали некој злоупотребувал некоја позиција? Велите транспаретно зборуваме, градоначланикот од Сарај вели дека сте му велеле да влијае врз членови на Судскиот совет – говореше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Втората реформа, како што кажа Милошоски, е тоа што Киро Здравев е фиктивен претседател на Судскиот Совет.

– Преку судијката Лорета Геогриева делувате врз челеновите на Судскиот совет – рече Милошески.

Заев реплицираше дека Лорета е избрана на легитима необжалена постапка.

– Госпоѓата Лорета е избрана на легитима необжалена постапка, како долгогодишен судија од Штип, како независен судија. Лоши ви се извлечените тези, понижувајќи претседател на Судски совет, кој го бираат самите членови на тој Совет. Вие сте искусен политичар, овие две години на дебатите вашиот однос остава траги, вака со леснотија шпекулации да отворате е недозволиво. Нанесувте штета врз угледот на личности – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот