Заев: Мицотакис сака да дојде во Скопје

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје. Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш, открива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервјуто за МИА, по средбата со неговиот грчки колега.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот премиер детално и опширно говори за разговорите со грчкиот државен врв при неговата прва посета на грчката престолнина, открива кои се следните чекори на билатерално ниво, најавувајќи интензивирање на соработката, а ги коментира и последните случувања во односите со Бугарија.

Заев и Мицотакис на вчерашната средба разговарале и за справувањето со пандемијата со КОВИД-19 и изразиле согласност дека солидарностa и соработката на ЕУ со Западен Балкан во таа насока треба да продолжи и да се надгради со вклучување на регионот во политиките на ЕУ за економско закрепнување на земјите од Европа.

Заев – Мицотакис: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во процесот на преговори со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот