Заев-Меркел: Договорот од Преспа е охрабрување за сите земји од Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.

Непосредно пред почетокот на Конференцијата, владината делегација оствари работен состанок со канцеларката Меркел на која главна тема на дискусија беа придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан.

Премиерот Заев и канцеларката Меркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.

Премиерот Заев на средбата нагласи дека соработката, пријателството и реформите кои ги спроведува земјата се сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите во текот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот