Заев: Мечкин Камен да биде темелник на помирување, заедништво и разбирање

Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме деца на Илинден, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на Мечкин Камен по повод 2-ри Август.

Како што рече Заев, првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.

-Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ, истакна Заев.

Продолжуваме, рече, да го негуваме концептот на едно општество и на заедништво, како наследство од Манифестот кое ги повикува соседите и пријателите на подобрар живот.

-Продлжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми, …., сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре, порача Заев.

Пред неговото обраќање на Мечкин Камен беше интонирана државната химна, во изведба на оперскиот пејач Влатко Груевски.

На чествувањето присуствуваат и амбасадори и други високи меѓународни претставници, воени аташеа, претставници на политички партии, претставници од Мисијата на НАТО, граѓани, гости од речиси сите градови на државата.

По повод 116 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република утрово бројни делегации положија цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево. Цвеќе положија делегација од Кабинетот на претседателот на државата, делегација од Собранието, како и од Владата, делегација од Општина Крушево предводена од градоначалникот, делегација од Сојузот на борците на Македонија,… Почит беше оддаден и пред споменикот на загинатите Илинденци кај месноста Слива над Крушево.

Се одржа и панихида за загинатите Илинденци во црквата Свети Никола во центарот на Крушево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот