Заев – Курти: Двете земји добро се справија со коронавирусот, неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите

Тој нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.

Република Северна Македонија и Косово доста добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот, заклучија во денешниот телефонски разговор претседателот на СДСМ Зоран Заев и  Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.

Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот на СДСМ Заев истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

Тој нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.

– Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочил Заев, додавајќи дека, како што соопштија од СДСМ, се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.

Претходно в.д. премиерот на Косово, Албин Курти со објава на Фејсбук се обрати по повод два месеци од изгласувањето недоверба на неговиот кабинет во Собранието на Косово.

– Денеска се навршија два месеци од изгласувањето недоверба. На 25 март на здравствената се надодаде и политичка криза. Меѓутоа ние се изборуваме. Вчера беше првиот ден, од 13 март, без заразени од коронавирусот. Институционален грч? Не е вистина. Несогласувања има, но има и решение. Согласно нашиот Устав, потребни се нови избори. Тие веќе се одржуваат низ Европа. (…) Избори ќе има во јуни во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Северна Македонија, Шпанија и Хрватска. Треба да имаме (парламентарни) избори и ние во Косово, а и локални во Подујево. Дури, може и во исто време, напиша Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот