Заев: Ќе ги поддржиме сите проекти што носат развој на „Ѓорче Петров”, на 17-ти да гласаме за Најдоброто

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Зоран Заев, вечерва од општина „Ѓорче Петров” порача дека како во претходните четири години, така и во наредните четири Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе продолжи да инвестира во проекти што живот значат за општините и граѓаните.

-Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и заеднички реализиравме над 7.000 локални проекти. И „Ѓорче Петров” во овие четири години доживува позитивна трансформација, благодарение на Александар Наумоски и СДСМ. Сетете се како беше пред четири години, а како е денеска во „Ѓорче Петров”. Пред четири години Волково немаше детска градинка, спортска сала и кружен тек, а денес има, „Ѓорче Петров” немаше базен, денес има. „Ѓорче Петров” денес има и најмодерно осветлување, реконструирани улици, реконструирани булевари со поддршка на Град Скопје, истакна Заев.

Тој пред ѓорчепетровци вети дека Владата предводена од СДСМ ќе застане зад изградбата на првото училиште во општината во историјата на независноста, зад изградбата на двете градинки во Ново Село и Дексион, како и зад Клиничкиот центар и се обврза дека ќе се остранат блокадите во Собраните од страна на ВМРО- ДПМНЕ, и дека Скопје ќе добие најмодерен клинички центар, прв по неколку децении.

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на општина „Ѓорче Петров” Александар Наумоски,  на денешната граѓанска трибина ”Најдоброто за мојата општина” потсети дека во изминатите 4 години реализирани се над 200 проекти,  со кои општина Ѓорче Петров се препороди, а дека следуваат нови 200 во следните 4 години.

-Потврда за тоа е ова наше Корзо, нов, модерен јавен простор наменет за сите генерации. Потврда за тоа е најмодерната градинка во Волково,  доказ е ова модерно, смарт лед осветлување, доказ за тоа е спортската сала и новиот кружен тек во Волково и првиот затворен базен кој се гради во „Ѓорче Петров”. Тоа е потврдено и со поставени над 40 километри фекална канализација, со 40 километри асфалитарни и пет километри поплочени улици, над пет километри водоводи и над 7.700 квадратни метри нови паркинзи, рече Наумоски.

Тој напомена дека реализираните проекти се благодарение и на поддршката од централната власт и се заблагодари во свое име и во име на сите жители на Ѓорче Петров , затоа што се она што е направено е останува да им служи на нашите граѓани и идните поколенија, и повика да продолжат граѓаните да гледаат напред, затоа што напред е правецот кој го покажува Најдоброто.

Најбитен иден проект, Наумоски го посочи Клиничкиот центар во „Ѓорче Петров”, инвестиција вредна 500 милиони евра, најголема гринфилд инвестиција во државата и најголема инвестиција во македонското здравство, а ги промовираше и останатите проекти кои се во тек и оние кои се дел од неговата програма за идниот четиригодишен мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот