Заев ќе сведочи за „Монструм“

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најавила обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште, пренесува Фокус.

Откако судијата Огнен Ставрев најавил дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените момчиња побарал појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тогаш тој се повикал и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.

Тогаш обвинителката Фетаи истакнала дека во судница ќе биде повикан премиерот Заев.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот