Заев: Ќе се ревидира законот за јазиците по забелешките на венецијанската комисија

Законот за јазици ќе биде ревидиран, а министерството за правда ќе подготви измени и ќе ги достави до Собранието, најави денеска премиерот Зоран Заев. Овие измени ќе бидат во согласност со забелешките на венецијанската комисија која вчера достави мислење дека законот треба да се преиспита.

Заев прецизираше дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуацијата кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права.

Се очекуваат измени и во делот на казните кои се предвидуваат заради прекршување на овој закон.

Законот по втор пат оваа беше изгласан во Собранието во Јануари оваа година, откако по првичното усвојување не го доби потписот на претседателот Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот