Заев: Ќе се почитува регулативата на ЕУ за личните карти

Премиерот Зоран Заев изјави дека за него е прифатливо во личните карти да стои графата за етничка припадност, покрај државјанството, но ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање ние, вели, немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ.

– Право на национално и сега, на сите земји членки на ЕУ така и наше е да го утврдиме делот на етничка застапеност. Амбасадорот најави дека од август ќе влезе во сила европска регулатива по овие прашања, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Нормално дека европските регулативи ќе ги почитуваме. Но, ниту знам детали од оваа европска регулатива на што се однесува, кои се конкретните детали или слично. Јас реков дека за мене е прифатливо да стои етничка припадност на граѓаните покрај државјанството, ние сме мултиетничка земја. Секако е прифатливо исто така и опционо дали некој сака или не сака да се додаде тоа, но ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање ние знаете – немаме алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, вели Заев на новинарско прашање по сведочењето за предметот „Титаник” коментирајќи ја неодамнешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Евроамбасадорот Гир минатата недела изјави дека од август во ЕУ стапува на сила регулатива за заштита на лични податоци, со која се забранува споделување лични податоци, како расна, етничка, политичка и верска припадност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот