Заев: Ќе предложиме формирање на ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција кое ќе го води Вилма Рускоска

Не се создадоа услови за лидерска средба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, без никаков аргумент и разумно објаснување ја одби мојата покана, рече на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев. Според него, Мицкоски повторно ги ставил партиските над државните интереси.

–  Со месеци се обидуваме да постигнеме согласност за законот за јавно обвинителство со цел случаите кои ги води СЈО до крај да се расчистат во фер и судска постапка. Но, очигледно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, персонализирајќи го целиот процес и поставувајќи максималистички барања, не сакаат решение, туку сакаат да го  срушат интегритетот на државата. Тие очигледно не ие искрени во намерата да учествуваат во овој процес. Не се заинтересирани за европската иднина на земјата и за расчистување со криминалот – рече Заев.

За таа цел, како што рече Заев, идната недела до Собранието ќе предложат нов текст за закон за јавно обвинителство кој ќе биде разгледан низ демократска дебата.

– Сметам дека предлогот ќе биде прифатлив за најголем дел од пратениците. Според овој предлог, СЈО како структура се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за организиран криминал и ќе се вика Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција и ќе има надлежност врз цела територија на Северна Македонија. Тоа ќе работи во хиерархија и субординација со државното обвинителство. Ова обвинителство ќе го води Вилма Рускоска, а сите обвинители во СЈО ќе продолжат да работат во новото – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот