Заев: Ќе предложиме формирање на ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција кое ќе го води Вилма Рускоска – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев: Ќе предложиме формирање на ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција кое ќе го води Вилма Рускоска

Според овој предлог, СЈО ќе се интегрира во ЈО, а сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во новото.

Не се создадоа услови за лидерска средба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, без никаков аргумент и разумно објаснување ја одби мојата покана, рече на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев. Според него, Мицкоски повторно ги ставил партиските над државните интереси.

–  Со месеци се обидуваме да постигнеме согласност за законот за јавно обвинителство со цел случаите кои ги води СЈО до крај да се расчистат во фер и судска постапка. Но, очигледно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, персонализирајќи го целиот процес и поставувајќи максималистички барања, не сакаат решение, туку сакаат да го  срушат интегритетот на државата. Тие очигледно не ие искрени во намерата да учествуваат во овој процес. Не се заинтересирани за европската иднина на земјата и за расчистување со криминалот – рече Заев.

За таа цел, како што рече Заев, идната недела до Собранието ќе предложат нов текст за закон за јавно обвинителство кој ќе биде разгледан низ демократска дебата.

– Сметам дека предлогот ќе биде прифатлив за најголем дел од пратениците. Според овој предлог, СЈО како структура се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за организиран криминал и ќе се вика Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција и ќе има надлежност врз цела територија на Северна Македонија. Тоа ќе работи во хиерархија и субординација со државното обвинителство. Ова обвинителство ќе го води Вилма Рускоска, а сите обвинители во СЈО ќе продолжат да работат во новото – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

  1. Неписмени правници си го дупчат народов во здрав мозок. Не се најде новинар со квалитет да ги праша тие од обвинителство заради што ја заплениле скапата облека на „РЕКЕТАРИТЕ“ условно кажано. Каква може да биде врската на скапата облека и кривичното дело РЕКЕТ? Туку цела држава ни е ФАТЕНА во УМОТ. Треба да се затвори правниот факултет и да се праќаат студенти за ПРАВО негде надвор оти овие се со индивидуална поткованост и логика НУЛА.
    Поздрав.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close