Заев ќе му реагира на бугарскиот премиер бидејќи го нарече Пендаровски северномакедонски претседател

Денеска премиерот Зоран Заев изјави дека ќе реагира во врска со грешката на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој во Сараево рече дека Стево Пендаровски е „северномакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“.

Како што истакна Заев, станува збор за грешка која е спротивна на Преспанскиот договор, бидејќи „ние сме Македонци што живееме во Северна Македонија“.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе реагираат до премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кој во Сараево го нарече Стево Пендаровски „северноамакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“. Според Заев, се работи за грешка која е спротивна на Преспанскиот договор.

-Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија – рече Заев.

Бојко Борисов вчера во рамки на Самитот во Сараево за бугарските медиуми, говорејќи за средбата со Пендаровски, го нарече северномакедонски претседател и политичар.

„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија – истакна во таа прилика бугарскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот