Заев: Ќе ја продолжиме динамиката на регионална соработка

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на пратеници од албанскиот Парламент, предводена од претседателката на парламентраната Комисија за надворешни работи, Мими Кодели.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата е изразена силна поддршка за политиките на премиерот Заев за развој на нашата држава и за градење пријателства со соседите и во регионот.

– Оценето е дека прогресивните политики на премиерот Заев се пример за лидерство какво што им е потребно на граѓаните и дека придонесуваат за перспективите на Република Северна Македонија, но и на целиот регион- се посочува во соопштението.

На состанокот, како што се наведува, е заеднички констатирано дека билатералната соработка меѓу двете држави е одлична и дека унапредувањето на регионалната соработка е доказ за капацитетите на државите од Западен Балкан, да делуваат самостојно во подобрувањето на животот на граѓаните.

Прочитајте и...  Сообраќајни контроли на МВР: Нови 339 санкционирани возачи во Скопје

Изразена е заедничка согласност дека треба да продолжат политиките на отворени врати на самиот Балкан и кон Европа, бидејќи евроатлантските интеграции се иднината на Република Северна Македонија, на Република Албанија и на целиот регион.

– Ние покажавме дека со позитивните промени и лидерства, се менуваме како држави во регионот, и низ политиките на изнаоѓање решенија, на пријателства и на соработка имаме што да ѝ дадеме на Европа и дека сме дел од Европа. Ќе ја продолжиме динамиката на регионалната соработка со насочување на институциите поактивно да соработуваат и низ олеснувањата на процедурите за премин на граничните премини, како што е проектот one stopshop. Да продолжиме со реформите, посебно во правосудството. Парламентите се многу важни во носењето позитивни одлуки за граѓаните- рече премиерот Заев.

Прочитајте и...  Анализа на причините: Раст на процентот на позитивни случаи од ковид тестовите од 6,5 на 8

На средбата е разговарано за реформите во правосудството и за можноста за размена на искуства со цел ефикасни правосудни системи. Премиерот Заев се заблагодари за поддршката Албанија како соседска држава која меѓу првите го ратификуваше Протоколот за членство на нашата држава во НАТО, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Во делегацијата беа вклучени и пратеници од албанската опозиција, како и првиот пратеник од македонското национално малцинство во Албанија.

На состанокот со премиерот Заев е констатирано дека добрите односи помеѓу премиерите на двете држави придонесуваат во унапредувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, се посочува во соопштението.

Прочитај повеќе

Шпанците не сакаат повторно во карантин, им забрануваат и пристап до паркови (ФОТО+ВИДЕО)

Маријана Митровска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шахпаска не знаат ништо, бројот на заразени деца само расте

Слободен печат

ОЈО со детали за силувањето во Велес, велешанецот бил сосед на жртвата

Гренел и 13 претставници на Вашингтон утре во посета на Приштина

МИА Агенција

Филипче бара анализа за зголемената смртност

Светниколската градинка, каде вработена беше заразена со ковид-19, утре ги отвора вратите за 110 деца

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се апси и старо и младо: Во Минск приведени најмалку десет демонстранти (ФОТО+ВИДЕО)

Маријана Митровска

Шахпаска со ветување: Во 2021 година нов закон за работни односи, стабилен пензиски фонд и раст на минималната плата и пензии

Слободен печат

Излези ако „те чеша“ џебот: Велика Британија воведува казни и до 10.000 фунти за прекршителите на самоизолација

Слободен печат

Родилка и нејзиното бебе починаа на ГАК, внатрешна контрола го испитува случајот

Слободен печат

Анализи на МТСП: Слободни места во градинките има, но има и запишани деца кои родителите не ги носат

Слободен печат

Теренски активности на МВР: Приведени криумчари на мигранти во кумановско и дилери на дрога во Кичево

Слободен печат