Заев: Ќе има работни групи на кои ќе ги утврдиме чекорите за имплементација на препораките на Венецијанската комисија

Немаме намера да се враќаме назад. Имаме намера секојпат правата коишто се добиени да ги гарантираме, но тие да бидат и практично применливи, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Правото на употребата на јазикот е убаво човеково право, треба да го негуваме, тоа не загрозува никакво друго право на кој било друг етникум или на кој било друг јазик, но ако тоа право загрозува друго право како што е правото на правда, тогаш сите треба и редно е да размислиме. Тоа го препорачува Венецијанската комисија. Така што, самите препораки треба да ги следиме, да ги имплементираме. Начините на имплементација ќе ги издоговориме со институциите – рече Заев во одгово на прашање на презентацијата на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји преку гасоводот Петрич – Струмица.

– Ќе продолжиме како коалиција заедно и со опозициските албански партии коишто учествуваа во ваквото законско решение – посочи Заев, па истакна дека треба да се најде решението како препораките од Венецијанската комисија да бидат имплементирани.

– Сите сме согласни дека треба да бидат имплементирани. Како ќе го направиме тоа – ќе имаме работни групи на коишто ќе ги утврдиме следните чекори. Законот има рок на старт на имплементација до април 2020 година. Значи, ние по самото законско решение надвор од Венецијанска комисија мораме да ги унапредуваме капацитети во институциите во државата –  рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот