Заев ќе им се извинува на Италијанците за навредите од Рашковски - Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев ќе им се извинува на Италијанците за навредите од Рашковски

Тој нагласи дека Рашковски за ова се извинил, но во моментов не гледа причина да биде разрешен, бидејќи што се однесува до тендерот за М-НАВ нема ништо незаконски и станува збор за тендер завршен во 2016 година.

Коментирајќи ја аудио-снимката во случајот со генералниот секретар Драги Рашковски, каде тој за Италија вели дека е „ебиветер“ држава, а упатува и навредливи зборови за Ромите, премиерот Зоран Заев денеска посочи дека „болно е чувството да слушате како зборува висок претставник на Владата“.

– Јас знам дека се извини, денеска мојот советник за надворешна политика, Дане Талевски се виде со амбасадорот Карло Ромео, ќе испратам лично писмо со извинување зошто дефинитивно кога слушате како зборува некој висок претставник на Владата, чувството е болно. Тоа е наша земја пријател и поддржувач од осамостојувањето, Италија и италијанскиот народ се докажани пријатели. Исто така и ромската заедница е нешто на кое во моментов посветуваме најголемо внимание во политичките структури од кои доаѓам – рече Заев Заев на денешното отварање на Контролен центар за патарини и патишта..

Тој нагласи дека Рашковски за ова се извинил, но во моментов не гледа причина да биде разрешен, бидејќи што се однесува до тендерот за М-НАВ нема ништо незаконски и станува збор за тендер завршен во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close