Заев: Ќе ги поразиме сите национализми на овие избори, тоа е лажен патриотизам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека ДУИ со барањето Албанец премиер испратила уценувачка порака.

-Во време кога јас бев мандатар Талат Џафери стана претседател на Собранието. Меѓутоа тој имаше искуство. И се покажа како прилично добар претседател на Собранието. Значи не ги изневеривме очекувањата на граѓаните. Но, не треба вака со уцени како за Албанец премиер. Тие јасно испорачаа уценувачка порака. И да ја повлечат таа уцена, ние ако имаме други опции, ќе ги искористиме. Мојата желба е ДУИ да оди во опозиција. За државата, рече Заев.

Ќе ги поразиме сите национализми на овие избори, тоа е лажен патриотизам, истакна Заев.

-Нема иднина, тоа време заврши. Мора да фатиме чекор со модерниот свет и наративот којшто се користи, мора да го смениме, да биде посоодветен. Секој може да се бори за секој граѓанин, но за еднаковост и во правата и во обврските. Мицкоски во програмата ветува редефинирање на Устав, ќе ја прави повторно чиста Македонија, каде води тоа? Што ќе правиме, ќе се биеме повторно- запраша Заев.

Тој додава дека коалицирал со ДУИ оти такви биле бројките во моментот.
-Прво бројките на почетокот на формирањето на коалицијата беа неприкосновени. Тие беа бројките и можете едноставно да влезете во коалиција со ДУИ и немате некоја посебна друга опција. Таа коалција беше изградена на основа на вредности, на цели, на таргети кои што исполнивме огромен дел од нив, навистина се донесоа сите историски одлуки, се завршија реформите во државата, условот кој што беше за добивањето на одлуката за преговорите, дигнавме економија значително, но и меѓудругото видовме и слабости, истакна Заев во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот