Заев: Ќе ги победиме (ВИДЕО)

Државата ќе добие европски претседател кој ќе влече напред. Нашиот народ конечно ќе стави печат врз црното минато и ќе одиме напред со Пендаровски, доаѓа убава иднина за нашиот народ. Заврши времето на марионета. Новиот претседател ќе биде човек кој нема да биде залутан на позицијата, туку одговорен претседател, рече на денешниот митинг во Скопје лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој исткна дека кандидатката за претседател, професорката Гордана Сиљановска – Давкова е против Преспанскиот Договор, против Законот за јазици, како и против најголемата заедница после Македонците.

– Стево се залага за обединување и внатре и надвор. Тој е човек што влече напред во просперитет, за среќа имаме таков човек, Стево ќе се приклучи во развојот на државата, да го избереме Стево за претседател на државата – изјави Заев.

Премиерот рече дека Стево Пендаровски е заеднички кандидат на сите, a Сиљановска е претставничка само на еден човек, на Мицковски, оној Мицковски на Груевски.

– Ни следуваат два големи празници Велигден и победата на Стево Пендаровски. Ќе ги победиме на 21 апри, ќе ги победиме на 5 мај, ќе ги победиме и на 21 септември ако треба. Поразот е најдоброто нешто што може да ѝ се случи на Сиљановска, бидејќи тој ќе ја спаси од канџите на Груевски – истакна Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот