ВИДЕО | Заев: Јавното обвинителство и судот ќе одлучат дали има каква било одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

пожар тетово
Увид по пожарот во тетовската модуларна болница / Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Иако ги дадов сите одговори, ќе се повторам за да биде почисто. Реков дека важен влезен елемент за донесувањето на мојата одлука ќе биде истрагата во делот на причините на настанувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово. И ние денеска тие причини ги имаме. Вториот дел, секоја човечка одговорност, секоја субјективна одговорност внатре е право на истрага на други органи, што не е ни премиерот, ни Владата, ни Парламентот, тоа се Јавното обвинителство и судот. Тие ќе одлучат дали има некоја човечка, индивидуална, субјективна или каква било одговорност и тие процесите ќе ги процесуираат, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Затоа, посочи, беше важно граѓаните да ги знаат причините за настанувањето на пожарот и соодветно на тоа го добијат и одговорот и апсолутно тука никој ништо ниту амнестирал, ниту имал намера амнестира.

– За да амнестирате некој прво треба да биде виновен, односно да има покренато постапка за негово сомневање, обвинение или докажана вина или слично, а се работи за етички осврт, морален осврт на министерот и на заменик-министерот, луѓе кои со својот професионален и личен ангажман многу дадоа во целиот наш здравствен систем посебно во поглед на пандемијата со ковид-19, а и тоа како ни се потребни во периодот што престои пред нас затоа што бројките се стабилни на едно плато се држат, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Потенцира дека добро е што нема така масовно полнење на болниците, но дефинитивно, како што појасни, самите бројки се многу важни, пандемијата опстојува насекаде во светот, во регионот и кај нас, и важно е капацитетите на државата да бидат максимално ставени во функција за да им се најдат на своите граѓани.

– Самиот начин на поднесување на оставката на двајцата директори од тетовската болница колку што јас сум информиран се неотповикливи оставки и Изборниот законик забранува во време на избори да се именуваат личности. Јас очекувам во ноември по завршувањето на изборите, вториот круг завршува на 31 октомври, да бидат поставени новите раководни лица, додаде Заев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот