Заев: Јасно е на сите, во понеделник веќе ќе ја заборавиме Арсовска

Данела Арсовска и Зоран ЗаевФото: Слободен печат/Драган Митрески

-Жално е што овие денови се обидуваат да го потценат, да го излажат и изманипулираат нашиот народ. Зборуваше Петре, ние немаме проблем како се изјаснуваат граѓаните во својата определба , дали Данела се чуствува Бугарка или не, ние сме лидери на едно општество за сите, секој може да биде кандидат во оваа држава. Но, да го лажеш својот народ и да манипулираш во камери, ја прашуваат – „Абе кажете, кажете дали е вистина или не?“ Таа – „Тужба ќе ви поднесам“. Кога, во понеделник? Во среда? Во понеделник ќе ја заборавиме веќе Данела Арсовска, тоа јасно е на сите, посочи претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денес кој одржа серија на маалски средби со граѓаните на општина Центар.

Тој дополни дека важно е секое маало, важна е секоја педа од Скопје да продолжи да се развива модернистички а не со барок, споменици, не со шмизли, не со музеи секакви. Важно е да се развива за граѓаните, за младите луѓе да ни останат тука, тука да работат.

Според него, Скопје ќе продолжи по патот по којшто тргна.

-Јас сум убеден дека ќе победиме овде во Центар со повеќе од 5.000 гласа и за вашиот иден градоначалник Горан Герасимовски и за Петре Шилегов.

Затоа што имате добри луѓе за кандидати, луѓе кои се добро упатени, добро поврзани и со централната власт, ги знаат во детали сите проблеми. Имаат големи дела позади себе, еве ова навистина големо здание ја дига материјалната вредност на имотот на цело Крњево, на сите жители кои се овде, го менува животот, го европеизира животот и тоа е само најголемиот доказ колку сме ние поразлични од нив, рече Заев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот