Заев: Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем, систем кој ја испорачува правдата

Токму на Денот на македонското правосудство пристигна позитивен Извештај за состојбите со човековите права на американскиот Стејт департмент, во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години, вели премиерот Зоран Заев во пораката упатена до сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор по повод Денот на правосудството.

– Ова е уште еден доказ дека тоа што го работиме дава и ќе дава резултати и дека реформите во правосудството остануваат наш врвен приоритет. Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем. Систем кој ја испорачува правдата. Голем придонес за оваа придобивка даваат самите судии кои преку Судскиот совет започнаа динамична проверка на работата на судиите, и тој процес веќе ги дава првите резултати, вели Заев.

Приоритетен предизвик во претстојниот период, како што посочува премиерот, е воведувањето на современа информатичка технологија во работата и дигитализација на македонските судови.

– За таа цел се предвидува модернизација на над 100 судници во државата, за остварување на овој приоритет Владата ги обезбедува сите услови, додава Заев.

Премиерот во пораката до сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор им посакува успех во остварувањето на нивните професионални обврски кои, како што вели, сами по себе се придонес за јакнење на правната држава, како и учество во нашата заедничка мисија да ги унапредуваме човековите права, да градиме независен и непристрасен правосуден систем базиран на европските вредности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот