Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да го омаловажува јазикот нарекувајќи го „северџански” и да ја поздрави преговарачката рамка

Веста дека во предлог рамката за нашите преговори со ЕУ на македонски јазик треба да се преведе европското законодавство е нормална и стандардна работа и уште една потврда и признание за македонскиот јазик, оцени денеска лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, апелирајќи до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се одважи и да го поздрави овој чин, како и да престанат сите  лаги дека сме го изгубиле јазикот.

-Да, стигна и веста по предлог рамката за нашите преговори со ЕУ, македонскиот јазик е наведен како  јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидеќи согласно нашата лична карта во Обединетите нации и согласно нашето право на самоопределување нашиот јазик е македонски, а ние меѓународната комуникација ја водиме и на македонски јазик, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашања по изјавата пред Собранието.

Тоа, дополни, е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. Ова нека биде апел да запрат со  лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека сме го изгубиле  јазикот и да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат јазикот нарекувајќи го „северџански”.  Ние зборуваме  македонски јазик кој полека станува дел од големото европско семејство заедно со останатите  европски јазици. Тоа е патриотизам, тоа е грижа за татковината, за македонскиот идентитиет, рече Заев.

Ги повика ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог преговарачката унија и да ја поздават и веста дека законодавството на ЕУ ќе биде преведено на нашиот македонски јазик.

-Беа против интеграцијата во НАТО и ЕУ, против Договорот од Преспа, беа против Законот за јавно обвинителство,  Мицкоски не аплаудираше кога тука во Собранието го усвоивме Протоколот за членство во НАТО. Ајде еве денес нека се одважат нека го поздават овој важен чекор од нашата европска интеграција, нека го поздрават македонскиот јазик, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот