Заев: Ја охрабруваме целата држава, како Струмица да продолжи по прав пат (ВИДЕО)

„Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Струмица“, со овие зборови претседателот  на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање во преполната сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат”.

– Секогаш од овде ја црпам енергијата, од мојот град, од моите сограѓани. Вие сите ми ја давате позитивната енергија. Памети Струмица како сакаа духот да ни го уништат за време на режимот, но секогаш наоѓавме начин да изнедриме нова сила. Оваа полна сала вечерва испраќа силна порака, Струмица била, Струмица е и Струмица ќе продолжи по прав пат. Ја охрабруваме целата држава да продолжи по прав пат, рече претседателот Заев во обраќањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот