Заев ја обвини опозицијата за лаги и негативна кампања: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Ваташа најави дека за десет дена ќе биде објавен тендер за изградба на патот Градско – Прилеп.

Ќе се избере, рече Заев, нова компанија која ќе ја продолжи делницата, проект што се реализира со Европската  банка за обнова и развој.

-Сето тоа што било направено со патот во минатото заради пусти провизии, доведе до катастрофални решенија. Патот беше прекинат бидејќи постојано се правеле анекси, не се водело сметка колку државата ќе плати, а оваа делница е аорта, најважна срцева артерија на целата земја, напомена Заев.

На новинарско прашање како ги коментара изјавите на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ околу затворање на германската фабрика „Дрекслмаер” и проблемите околу изградбата на патот Градско – Прилеп, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

-Кавадарчани, Тиквешијата и сите се сведоци колку нашите противници се изгубени. Ние градиме сериозно, исправаме грешки, пакосни и криминални, бандитски, но верувам дека правиме само добро за нашата земја и така ќе продолжиме, додаде Заев, обвинувајќи ја опозицијата за лаги и негативна кампања.

Според него, најголемата фабрика во Република Северна Македонија која вработува повеќе од шест илјади луѓе и која во време на корона криза дава плати, најавила дека во август ќе го зголеми производството и ќе има нови вработувања.

Прочитај повеќе

Со апсење на осомничениот и без повредени заврши заложничката драма во банката во Ле Авр

Слободен печат

Турски воени бродови се во борбена готовност крај брегот на Анталија

Слободен печат

Уште мандатот недоделен, чаршијата стокми две влади!

Соња Христовска-Угриновска

Канада смета дека одлуката на САД за царини за алуминиум е неприфатлива, најавуваат контрамерки

Слободен печат

Музичка вечер со Дуо „СолиПс” на „Охридско лето”

Слободен печат

Државната тужителка на Њујорк бара распуштање на Националната асоцијација за оружје

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Здравствените власти подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат

Слободен печат

Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok” и на „WeChat”

Слободен печат

Течат роковите за создавање нова влада, партиите преговараат за формирање на парламентарно мнозинство

Слободен печат

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Виц на денот – Диџеј

Слободен печат