Заев изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален Фејсбук профил изрази сочувство до семејството чии деца загинаа денеска во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Изразувам длабоко сочувство за трагичното губење детски животи денес во Романовце. Искрено се надевам дека трагедијата нема да биде поголема и дека сите седум тешко повредени ќе закрепнат набргу. Поддршка и почит до дежурните екипи за навремената реакција и тимот во Клиничкиот центар кој се грижи за повредените, пишува Заев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот