Заев: Историската грешка што ја направија, ќе биде исправена

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања порача дека од оптимист стана „реален оптимист” во однос на започнувањето преговори со Европската Унија.

Запрашан дали имал прилика да разговара со претседателот Емануел Макрон на денешниот лидерски состанок на НАТО во Лондон, Заев рече дека три пати имал размена со францускиот претседател вчера и денеска.

-Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, не сакам со тоа да делам оптимизам никако, треба да бидеме посветени да ја европеизираме Македонија со повеќе вредности и реформи, а штом ќе одлучат да ни соопштат- изјави денеска премиерот Заев.

Кусо потоа се огласи и самиот Емануел Макрон во однос на преговорите со Северна Македонија и уште еднаш порача дека без претходна реформа на преговарачкиот процес за проширување, тој нема да даде зелено светло за старт на преговори и изрази надеж дека тоа ќе може да се случи пред мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот