Заев истакна дека просечната плата од 500 евра е достижна и најави покачување на пензиите

Премиерот Зоран Заев, во Собранието за време на репликите до пратеници, ги соопшти некои од одлуките во економијата, што ги најави во претстојниот период.

– Првата поента е замрзнување на придонесите во државата за сите работници, супституција од 90 проценти за секое покачување на платите во делот на придонесите. Што значи тоа? Голем дел од граѓаните земаат 20.000 денари нето плата, уште 6.000 или 9.000 денари добиваат во кеш – зошто го прават тоа газдите? За да не платат придонеси. И тие си плаќаат персонален данок, си плаќаат данок на добивка и даваат кеш во плата на работниците. Во таков случај, ќе преземам чекор, ќе ги супституирам придонесите, 90 проценти, само во еден случај, да биде стабилизиран Пензискиот фонд. Да ги покачиме пензиите 1.000 денари на пример, таков чекор треба да се направи. Да ги ограничиме ослободувањата од сите давачки, сите мали претпријатија коишто имаат три милиони денари вкупен промет – такви чекори да преземеме. И такви чекори ќе преземеме, па ќе видиме дали ќе банкротираме или нема да банкротираме, времето ќе покаже – но сте исплашени од мерките што можат да бидат преземени како храбри чекори што ќе ги преземеме – рече премиерот Заев.

Заев, во одговорите до пратениците околу најавените нови економски мерки и резултати, рече декап росечната плата од 500 евра е достижна, а најави и нови значителни зголемувања на платите во здравството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот