Заев испрати СМС порака до членството: Другар/ки, СДСМ е во акција, разговарајте со граѓаните

Зоран Заев / Фото: СДСМ

„Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред“, вели Заев во денешната порака до партиските членови каде ги повика да разговараат со граѓаните, да уважат сечиј став и да повикаат на обединување.

-Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев, стои во СМС пораката што им пристигна на членовите на партијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со СМС порака до партиските членови повикува на обединување

Првата порака до моите партиски другари, е дека добивме „жолт картон” од граѓаните, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали тој ќе стане црвен, за секој од нас и за сите нас, изјави премиерот Заев во текот на вчерашниот ден.

Ние сме партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив. СДСМ учи, се менува, и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните. СДСМ од понеделникот е влезена во процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција и комуникација со граѓаните. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува, заклучи лидерот на СДСМ

Видео на денот