Заев: Институциите да го истражат случајот со набавката на софтвер од Рашковски

Фото: mia.mk

Апелирам секоја надлежна институција, којашто постои во државата за проверка во законитоста на постапката за случајот со Рашковски да направи конкретно проверка и да направи извештај. Јас, како претседател на Владата којшто го има именувано за еден од секретарите во мојот кабинет ќе постапам директно доколку има какво било прекршување, порача премиерот Зоран Заев од Богданци одговарајќи на новинарско прашање за случајот со набавката на софтвер од поранешниот генерален секретар на Владата, а сега еден од секретарите во неговиот кабинет.

Антикорупциска го испитува софтверот на Рашковски

-Однапред сакам да ставам ограда дека не треба секој да биде обвинуван, заради тоа што претходно имал создадено свој систем, го патентирал како систем, односно како процес, одредено право го отстапил бесплатно, нормално на користење на својата земја и дека на тој начин е забрането да се спроведува постапка, за да се набави таков систем, таков софтвер за потребите на државата. Сакам да ја испратам пораката дека луѓето, коишто се инвентивни во државата, коишто се докажале во својот приватен и професионален план и требаат на државата да бидат ангажирани, вели Заев.

Но, порача, секој којшто се огрешил на законот или, какошто вели, има барем неетичко постапување во делот на кругот на своето работење, тој како премиер директно ќе преземе понесување одговорност, за какошто вели, таквиот човек и ќе побара негова оставка или негово разрешување.

Премиерот Заев ги повика сите институции, обвинителство, МВР да работат на овој случај и да се разреши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот